| четврток, 6 декември 2018 |

Украина размислува да воведе визи за Русите

Украинскиот премиер Арсениј Јацењук предлага Киев да воведе визи за граѓаните на Русија.

Арсениј Јацењук

Арсениј Јацењук

Преку визите ќе се зголеми контролата на украинско-руската граница, истакна Јацењук.

– Една од најважните задачи пред Владата е реализацијата на проектот „Ѕид“, чија цел е зајакнување на источната граница (границата со Русија) – изјави украинскиот премиер .

Реализацијата на проектот „Ѕид“ ќе се случи во две фази. Во првата фаза ќе биде зацврстена границата во областите каде што нема борбени дејства. Втората фаза ќе стартува откако воените дејства ќе завршат и тогаш ќе биде зацврстена границата во луганската и во донецката област, кои прогласиле независност од Украина. Властите во Киев се амбициозни да го реализираат  проектот „Ѕид“ за максимум половина година. Но, тоа значи дека дотогаш Донецк и Луганска треба да бидат присоединети назад, а судејќи според сегашната ситуација, тоа тешко дека ќе се случи.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top