| четврток, 6 декември 2018 |

Јапонија донира нова опрема за Неврологија

лекар

 Еден ултразвук доплер, видео ЕЕГ и првиот транскранијален доплер во Македонија се обезбедени со помош на јапонска донација за Универзитетската клиника за неврологија. Проектот за опремување на Клиниката во износ од 73.269 евра е финансиски поддржан од грантот за поддршка на мали проекти од Владата на Јапонија.

Амбасадорот на Јапонија, Макото Такетоши денеска ќе ја посети Клиниката за неврологија и ќе изврши увид на новата опрема во таа јавна здравствена установа.

Апаратите обезбедени со неповратна финансиска помош се очекува да ја подобрат медицинската услуга за 4.400 пациенти во првата година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top