Принцот на балканската поп-музика Тоше Проески на денешен ден пред седум години трагично загина во сообраќајна несреќа кај Нова Градиша, Хрватска. Веста за неговата смрт го шокираше целиот регион. Неочекуваната трагедија стави крај на неговата успешна десетгодишна кариера во која тој успеа да го освои целиот Балкан, а неговиот сон беше да се пробие и на меѓународната сцена.
Тодор Проески – Тоше е роден на 25 јануари 1981 годона и својот музички талент го покажал уште како петтоодделенец на фестивалот „Златно славејче“ (1992) каде што испеал песна на влашки јазик. Музичката кариера ја почна со победата на „Мелфест“ во Прилеп, во 1997 година, и оттогаш настапуваше на сите значајни фестивали во земјава и регионот, а во 2004 година ја претставуваше Република Македонија на „Евровизија“ во Истанбул. Таа година стана и амбасадор на УНИЦЕФ.
Објави седум албуми – неколку и во превод на српски и на хрватски јазик. Последниот, „Игри без граници“, беше промовиран две недели пред несреќата, а последниот концерт го одржа на Градскиот стадион на 5 октомври 2007 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.