Дел од централното градско подрачје денеска од 9.30 часот ќе остане без вода поради дефект на водоводна цевка меѓу улиците „Рајко Жинзифов“ и „Киро Крстевски Платник“.
Регионалниот центар за управување кризи на Град Скопје, повикувајќи се на известување од Водовод и канализација, информира дека до отстранување на дефектот без вода ќе останат овие две улици, како и дел од корисниците на булеварот „Метрополит Теодосиј Гологанов“, меѓу улиците „Аминта Трети“ и „Костурски херои“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.