| четврток, 6 декември 2018 |

Платини: Замислете во леталото да имаше бомба наместо знаме

Претседателот на УЕФА, Мишел Платини, вечерва за француската телевизија ТФ 1 изјави дека прекинот на фудбалскиот натпревар Србија-Албанија е срамен.
Замислете леталото да дојдеше на средината на теренот и во него да имаше бомба наместо знаме. Што ќе се случеше тогаш?, праша Платини.
Тој соопшти дека секако ќе биде покрената дисциплинска постапка додавајќи дека се чека извештајот на судиите, делегатот и едно лице задолжено за безбденост кое специјално го испративме бидејќи знаевме дека средбата е обременета со опасност.
Платини подвлече дека тоа е тажно, но мора да се биде внимателен бидејќи станува опасно, особено таму каде што постои огромна политичка напнатост.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top