| четврток, 6 декември 2018 |

Албанскиот амбасадор во Србија доби демарш

524616_ambasador-albanije-01foto-dusan-milenkovic_f

Амбасадорот на Албанија во Србија, Илир Бочки доби демарш од српските власти по повод вчерашниот инцидент на натпреварот Србија-Албанија, јавува Блиц.

Амбасадорот во 15.40 часот влегол во зградата на српското министерство за надворешни работи. По неколкучасовната средба заминал без да одговори на новинарските прашања.

Од амбасадата на Албанија во Белград денеска не сакале да ги коментираат вчерашните случувања. За медиумите кратко порачале дека „немаат коментар“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top