
Должност на МВР е да го штити уставниот поредок во Република Македонија и да ги почитува законите. Никој нема право да дивее по улиците низ Македонија и со тоа да го нарушува мирот и спокојот на граѓаните, како што се случи вчера, во неколку градови во земјава, по фудбалскиот натпревар во Белград – велат од СДСМ.
Уставот е јасен дека не е дозволено поттикнување национална омраза и нетрпелливост.
МВР вчера со молкот и со непостапувањето во согласност со надлежностите го дозволи тоа.
СДСМ бара прекршителите веднаш да бидат санкционирани, во согласност со законските одредби за ваков вид однесување.
Самите учесници во толпата споделуваат видеоснимки на социјалните мрежи.
Тоа ја олеснува работата на Јанкулоска и на МВР макар и задоцнето да изреагираат бидејќи вчера не излегоа на терен да го спречат нарушувањето на јавниот ред и мир во ноќните часови, додаваат тие.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


