| четврток, 6 декември 2018 |

Судири меѓу Срби и Албанци и низ Европа

SCH†SSE AUF POLIZISTEN IN WIEN-OTTAKRING

По прекинот на фудбалскиот натпревар во Белград меѓу репрезентациите на Србија и на Албанија, синоќа дошло до судири  и во некои европски градови каде што живее српска и албанска дијаспора.

Како што јавил „Танјуг“ од Виена, таму се случил инцидент меѓу навивачите на двете селекции, а австриската полиција ги спречила да не дојде до поголем инцидент.

Група Албанци се собрале на 16. виенски округ, во кој се наоѓаат угостителски локали чиишто сопственици, а и гости, се Срби. Во објектите фрлале со шишиња и со пиротехнички материјали.

Полицијата успеала  да ја разбие и да ја растера групата, но потоа се собрале околу 200 Срби, кои се обиделе да се судрат со Албанците.

За спречување на инцидентот австриската полиција ги повикала и своите специјални единици.

Во инцидентите се оштетени многу возила, меѓу кои и полициски.

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top