Нискобуџетната авиокомпанија најави нова авионска линија со која македонските граѓани ќе можат да патуваат во Стокхолм. Линијата стартува од мај, а летовите ќе се реализираат секој понеделник и петок.
Од авиокомпанијата соопштија дека најниската цена на авиобилет ќе изнесува 1.690 денари и веќе може да се резервираат.
– Нашата нова дестинација до Стокхолм е втора маршрута од Скопје до скандинавскиот пазар и деветта интернационална маршрута што ја поврзува Македонија со популарните европски дестинации. Со ниски цени на авионските карти, убедени сме дека оваа маррута брзо ќе стане бестселер за појдовни и дојдовни туристи – изјави корпоративниот директор за комуникации на „Виз ер“, Даниел де Карвалхо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.