По Москва и Њујорк, маици со ликот на претседателот на Русија Владимир Путин може да се купат во Белград по повод посетата на рускиот претседател на Србија.
Идејата за маиците се родила кога во Москва, пред шест месеци, група млади дизајнери направила 5.000 маици и на секоја фотографија додала специјална порака како на пример „Крим е наш“, „Своето не го даваме“, „Путин е светски лидер“…Колекцијата била продадена за еден час во најпознатата стоковна куќа во Москва. Потоа, акцијата е повторена неколку пати, секогаш со голем успех.
Минатата недела од нив ја презедоа уметници во Њујорк, кои отвориле специјална продавница во која се продаваат само „Маици за Путин“.
Србите направиле маици со пораки „Путин – нај Србин“, но, како што јавуваат медиумите во таа земја, меѓу граѓаните не може да се види како носат маици со такви пораки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.