
Група навивачи на албанската репрезентација од Македонија ја презеде одговорноста за провокацијата за време на квалификацискиот натпревар меѓу Србија и Албанија, по што настана хаос на теренот и трибините, а драмата се заврши со прекин на натпреварот.
Беспилотното летало што носеше знаме на Голема Албанија и во 41 минута од натпреварот се појави над теренот пред очите на повеќе од 30 илјади луѓе на трибините било наведувано од надвор, тврдат членовите на навивачката група Шверцери.

Доброорганизираната група набрзо по „подвигот“ се пофалила на социјалните мрежи со фотографии што потоа ги пренесоа албанските медиуми.
На едната фотографија, која е направена надвор од стадионот, се гледа знамете како лебди над теренот, а на другата се гледаат подготовките за летнување. Покрај фотографиите била објавена и порака: „Дела, не само зборови“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Србија слави, Косово не е примено во Интерпол!
-
Потпретседателот на Парламентот на Србија, Ѓорѓе Миличевиќ во операциона сала, ова е смачканиот автомобил
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја


