Турската влада најави дека ќе ги користи искуствата од германското кривично законодавство за поголеми овластувања на безбедносните сили во справувањето на насилните протести. Најавата следи по насилните демонстрации во последните неколку дена, организирани од Курдите поради одлуката на Анкара да не учествува во воената интервенција против ИД кај сирискиот град Кобане, кога загинаа 35 лица.
Турскиот вицепремиер Булент Аринч, по седница на Кабинетот соопшти дека Владата ги ревидирала плановите за реформите во областа на внатрешната безбедност, се со цел да воведе построги мерки за спречување на манифестациите на уличното и вандалско насилство.
Аринч изјави дека Владата донела одлука да ги разгледа мерките кои се спроведуваат во ЕУ и да ја прифати праксата од земјите-членки на Унијата, со приоритет на Германија. Тој истакна дека плановите на Анкара се во согласност со реформите за усогласување на турското законодавство со нормите на ЕУ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


