Основачот на Фејсбук, Марк Цукерберг и неговата сопруга Присила Чан донирале 25 милиони долари на центрите за контрола и превенција на болести за помош во борбата против епидемијата на ебола.
-Епидемијата на ебола го достигна критичниот момент. Од вирусот на ебола се заразени 8900 луѓе, но болеста брзо се шири и се верува дека доколку ништо не се преземе, може да зафати повеќе од милион жители-истакнува Цукерберг.
Додал дека е потребно што побрзо вирусот да се стави под контрола за да престане да се шири и да се претвори во светска здравствена криза против која ќе треба да се бориме со децении, како шро е вирусот на ХИВ
-Донацијата е најбрз начин да се обезбедат средства на центрите и на специјалистите кои се борат да спречат епидемија. Парите се наменети на актерите во прва линија кои обавуваат историска работа- наведе основачот на социјалната мрежа Фејсбук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МНТ се приклучи во хуманитарната акција за Сара: Сретствата од билетите од „Силјан Штркот шанца“ ќе се донираат
-
Конго: За една седмица официјално потврдени 33 случаи на ебола
-
Цукерберг да си даде оставка
-
Кампањата „Подарено срце“ донесе медицинска опрема за поефикасно лекување на деца со респираторни проблеми


