| четврток, 6 декември 2018 |

МВР повикува на смирување на тензиите

Министерството за внатрешни ги повика политичките партии, верските заедници, училиштата и медиумите да придонесат за намалување на тензиите и смирување на страстите, по серијата инциденти што се случија вчера во Скопје во кои беа истепани четири тинејџери, а беа оштетени два автобуси на ЈСП. Во меѓувреме, зголемено е присуството на полицијата во близината на сите училишта во градот, како и на Бит-пазар.

Од МВР соопштија дека досега немаат добиено официјални најави за одржување протести кои се организираат на социјалните мрежи, но полицијата ги следела групите кои неформално повикуваат да се излезе на улица.

– Имаме селекција на одредени лица и профили што повикуваат на организирање протести и в петок и в сабота. Без разлика и да не добиеме формална најава за протестите, како што беше тоа случај за саботата, полицијата ќе ги преземе сите неопходни мерки врз основа на оперативните сознанија и информации со кои ќе располага во моментот на одржување и пред одржувањето на протестот – изјави портпаролот на МВР, Иво Котевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top