| четврток, 6 декември 2018 |

Бензинските ќе „служат“ храна нон-стоп

avtoznaciМинистерството за економија најави измени во Законот за угостителство. Заменик министерот за економија Христијан Делев при денешната посета на градот Штип соопшти дека денеска до Собранитето на Република Македонија се доставени измените во Законот за угостителство, направени на барање на угостителите и сопствениците на бензинските пумпи, кои имаат објекти на магистралните патни правци.

– Тие до сега беа регулирани да работат 24 часа, само во делот на точење бензин и некои основни продукти кои што се продаваа на самите бензински. Сега се градат нови модерни бензински станици каде освен овие основни продукти се служи и храна и сопствениците бараат да се работи 24 часа, посебно во делот на угостителството, каде може да се сервираат и некои оброци, рече Делев.

Тој посочи дека Владата ја увиде потребата на сопствениците на бензинските станици и реши да им излезе во пресрет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top