| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Бранко, не ја гледам својата иднина со тебе

Бранко го промовираше слоганот „Иднината сега“, ама со кого. Јас разбирам некој да зборува за иднината сега, ама некој со силно минато, а не некој кој ја направил најкриминалната приватизација во Европа поради која 200.000 луѓе останаа без работа, некој кој ја ограбил државата, некој кој го продаде името и ја прекрсти државата, некој за кој ден-денеска криминалците од цела поранешна Југославија раскажуваат како делеле пари, некој кој нема ни еден проект со кој ќе се пофали, па тој ли да ни зборува за иднината. Има само еден краток одговор, не ја гледам со тебе иднината Бранко, не ја гледам со тебе својата иднина, Бранко ти не си нашата иднина – изјави премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ на денешниот митинг во Неготино коментирајќи го слоганот на СДСМ.

Според него, ниту младите ниту повозрасните не ја гледаат иднината со Црвенковски, после криминалните приватизации, после армијата на стечајци, по предавањето на името.

Груевски истакна дека митинзите на кои говори Црвенковски во оваа кампања се како да пушта снимки од 2008-ма. Посотјано зборувал за борци, соборци, револуционери, дека немало демократија…

-Па толку ли не знаеш Бранко дека тоа не ти поминува, смисли нешто ново, народот знае дека нема антички и словенски, туку само Македонци – изјави Груевски, кој смета дека земјоделците никогаш нема да му дозволат на СДСМ да раководи со државата, ниту на блиските луѓе на Црвенковски, бидејќи додека тој бил на власт си немал работа со земјоделците и не давал пари за нив.

Се осврна и на програмата на СДСМ, односно според него СДСМ нема конкретна програма, туку фрази и реторика.

Во неготино беше промовиран и кандидатот за градоначаник на коалицијата „За подобра Македонија“ во Неготино, Ванчо Апостолов, кој според Груевски има обмислена програма.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top