Македонскиот пејач Александар Тарабунов неодамна ги забавуваше велешани како и сите кој се најдоа на питијадата. На фестивалот „Сунчане скале“ популарниот Тара ја промовираше својата авторска композиција „Глумила је анџела“. Го прашавме пет малку поинакви прашања… Еве што вели Александар Тарабунов.
Да имаш временска машина дали би одел во иднината или минатото и зошто?
Тарабунов: Доколку би имал би шетал повеќе во минатото отколку во иднината, бидејќи мислам дека би ми било многу поинтересно да отпатувам во времето на Александар Македонски, во времето на Маите па и диносаурусите отколку да се занимавам со некое ново летало на иднината или нешто слично незнам што.
Ајвар со сирење или здрава храна?
Тарабунов: Здрава храна да, но и домашен топол ајвар со сирење, мислам дека ретко кој Македонец би одбил, морам да спомнам дека највкусен ми беше кога ќе се сетам како мали додека си игравме, комшиките низ маало ќе направеа и не викаа ние децата како дегустатори да кажеме дали е добро направен.
Кој дел од денот го сакаш, а кој го мразиш?
Тарабунов: Цел ден го сакам само чуден ми е периодот од 7 до 8 некако многу споро поминува, па тогаш обично се фаќам за некој од инструментите дали е тоа клавирот или гитарата.
Дали си нервозен возач?
Тарабунов: Не возам уште, цело време го одложувам полагањето поради обврски, годинава изгледа ке биде.
Што правиш кога врне?
Тарабунов: Кога врне знам да уживам во дождот со отворен прозор, да гледам некој добар филм, да компонирам, тие се убави моменти за компонирање и инвентивност, да спијам слатко и нормално да излезам некаде со чадор, зошто кој си носи чадорче не наврнува, ааа си поминува, ааа не настинува.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.