Британскиот министер за надворешни работи Филип Хамонд изјави дека Велика Британија има правна основа, авионите на Кралското воено воздухопловство (РАФ) да ги прошират своите операции против џихадистите на Исламска држава,од Ирак во Сирија.
Во изјава за лондонските медиуми, Хамонд рече дека Владата ќе побара и формално одобрување од британскиот Парламент, доколку за тоа се јави потреба, што ќе зависи од промената на ситуацијата на теренот.
– Засега, сето тоа постои само како можност – рече шефот на британската дипломатија.
Хамонд вели дека штабот на ИД е во Сирија, каде се наоѓа и главнината на џихадистите и каде се нивните резерви од нафта, а дека во овој момент РАФ не може да изведе напади врз овие цели.
Според американските толкувања, правната основа за сегашните воздушни напади е најдена во ирачкото право на самоодбрана, врз основа на член 51 од Повелбата на Обединетите нации, што може да се прошири и врз Сирија, за бомбардирање цели и позиции на Исламската држава.
Хамонд признава дека е „наивно да се верува“ дека за Велика Британија сето тоа ќе може да помне без никакви правни дополнувања, но инсистира дека во овој момент не постојат ни воени потреби за приклучување на авионите на РАФ, во мисијата на сириската територија.
Шефот на британскиот Форин Офис, претходно отфрлаше секаква можност за британско вклучување во операциите против ИД во Сирија, објаснувајќи дека интервенцијата на сириската територија не е оодбрена од Долниот дом на Парламентот во Лондон, а дека Владата нема намера тоа прашање одново да го отвора.
Во текот на својата прва посета на Багдад, Хамонд изјави дека бомбардирањето на позициите на ИД не е доволно, но дека нема да има странска интервенција со копнени сили за одбрана на ирачката територија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Македонец подготвувал терористички напад во името на Исламската држава во Италија
-
Голема акција на турската полиција, уапсени 23 лица: Терористите спремале „сензационален напад”
-
Приходите на ИД од продажбата на нафта за две години се намалија за 90 отсто
-
ИД ја презеде одговорноста за нападот во лондонското метро