Група членови на турската прокурдска Демократска партија на народите зазеле брод што пловел крај Истанбул, со барање за поддршка на сирискиот град Кобане, кој со недели џихадистите од Исламската држава се обидуваат да го преземат.
Гневни граѓани, кои долго време го чекале бродот, се судриле со демонстрантите Курди, пред да интервенира полицијата.
Курдските активисти се качиле на бродот што пловел на редовна линија меѓу истанбулските квартови Кадикој и Бешикташ, и развеале плакат со натпис „Луѓето во Кобане се спротивставуваат и за нас“.
Демонстрантите биле приведени од полицијата.
Турција во последните денови често е место на судири за време на протести против нападите на Исламската држава во Кобане. Тие тврдат дека Анкара ништо не презема за да го спаси градот опколен од џихадистите, кој е во близина на турската граница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.