Националната германска телевизија – НДР, една од најгледаните во Германија, деновиве го емитуваше документарниот филм „Тајната на Охридско Езеро“.
Авторот на филмот им ги доловува на гледачите убавините на езерото, кристално чистата езерска вода, видовите риби кои егзистираат, а зборува и за охридскиот бисер, неговата изработка, одгледувањето на пастрмката.
Документарниот филм беше реализиран со помош на нуркачкиот центар „Амфора“, чии членови го помогнаа подводното снимање на изворите кај Свети Наум, археолошкиот локалитет Плоча – Миќов град кај Градиште, како и на охридскиот тркалезен сунѓер и плашицата од која се изработува надалеку познатиот охридски бисер.
Тука може да го погледнете документарниот филм објавен на Германската национална телевизија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.