| четврток, 6 декември 2018 |

Десет позитивни навики кои водат кон среќен живот

sreka

1. Kарма

Кога ќе направиш нешто добро, направи го тоа од срце, а не затоа што очекуваш да ти се случи нешто добро подоцна бидејќи си направил добро дело.

2. Волонтирај

Еден час кој го поминеш разговарајќи со бремена тинејџерка или пак да волонтираш во некој центар, готвејќи и делејќи храна, може да им го смени животот на тие на кои барем на кратко си им помогнал.

3. Рашири го спектарот на емоции

Може да чувстувате среќа, страв, бес, разочарување, љубомора, љубов…цел спектар емоции. Сите тие чувства не прават човечни, трпеливи, хумани…

4. Брои ги благословите секој ден

Никогаш не земај се здраво за готово. Секогаш има некој кој има стравови пострашни од твоите. Престани да се сожалуваш, биди борец и стани и исправи се пред проблемите.

5. Цени го секој момент што го минуваш со саканите

На своите родители и на мојата помала сестра секој момент, кога сум во состојба им кажувам колку многу ги сакам. Повеќе од 10 години живееме на различни континенти и затоа секој момент кога сум со нив за мене е драгоцен. Имам многу пријатели кои ги загубиле своите сакани и кои немале шанса да им кажат колку многу ги сакаат.

6. Помалку осудувај, повеќе прифаќај

Никој не е совршен. Секој има приказна за која другиот не знае. Имај го ово на ум и затоа помалку осудувај ги луѓето.

7. Медитирај

Никогаш не сум била во склад со моето тело и научив да се грижа за себе емоционално, ментално ифизички се додека не научив да медитирам правилно.

8. Направи листови на желби

Знам дека ова звучи чудно, но тоа го смени мојот начин на живот толку многу што не можев ни да замислам. Станав поорганизиран и фокусиран. Помалку заборавам. Ми помогна во самодовербата и сега полесно се справувам со препреките.

9. Научи да ги ослободуваш емоциите

Најди филтер преку кој што можеш да ги ослободиш емоциите. За мене тоа е пишување дневник. Тоа го правам од својата 11 година, потоа слушам музика, пеам, танцувам.

10. Следи го своето срце, но слушни го и умот

Прашај се себеси, ама двапати ако е потребно, дали ти се потребни нови чевли или имаш само потреба за нови чевли? Прашај се себеси дали се состануваш со момчето дека ти се допаѓа или затоа што си осамена? Животот е краток. Биди искрен со себе.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top