| четврток, 6 декември 2018 |

Српски полицаец го искасапил кучето на комшијата (вознемирувачки фотографии)

Полицаецот Стеван Мишиќ од српско Рамно Село со секира брутално го исмасакрирал кучето на комшијата бидејќи, како што тврди сопственикот на кучето, тоа му ги бркало кокошките.

Несреќното куче, на кое му се пробиени градите и има ужасни исеченици долги 10 сантиметри, сѐ уште се бори за живот.

523541_vojvodina-pas02-foto-strahinja-banovic_f

– Излегував од дворот со автомобилот кога кучето, кое стои врзано, истрча по мене. Влета во дворот на комшијата и почна да ги брка кокошките – раскажува Станимир Бановиќ, сопственикот на кучето од расата аргентинска дога. Набргу оттаму се слушнаа крици и врева и по неколку минути кучето излезе цело крваво. И неговиот син потресено раскажува дека целата ситуација била ужасна.

Ветеринарите го даваат максимумот за да го спасат кучето, но поради сериозноста на повредите, не се знае дали ќе преживее, а Бановиќ најави кривична пријава за комшијата.

523540_vojvodina-pas01-foto-strahinja-banovic_f

Но, семејството Мишиќ тврди дека немало никаква буталност, туку напротив, полицаецот го штител своето дете.

Сопругата на полицаецот Марина Мишиќ вели дека кога кучето влетало во дворот, таму биле нивните четири малолетни деца кои се исплашиле, а потоа почнало да ги брка кокошките и почнало да ги јаде.

– Сопругот тргна по кучето, а тоа во моментот давеше една кокошка и тргна да го нападне него – вели Марина, тврдејќи дека полицаецот всушност ја зел секирата во самоодбрана и да ги заштити своите деца.

Според српските медиуми, за сопственикот на кучето Станимир Бановиќ е поднесена кривична пријава за пуштање опасно куче без надзор, а за вината на Мишиќ ќе одлучува српското обвинителство.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top