| четврток, 6 декември 2018 |

Лекар на ОН почина од ебола

SLEONE-HEALTH-EBOLA-WAFRICA
Лекар вработен во Обединетите нации, кој се заразил со ебола додека работел во Либерија, почина на клиника во германскио град Лајпциг во која се лекувал.

– Пациент заразен со ебола почина ноќеска на клиниката „Св. Георг“ во Лајпциг. И покрај интензивните мерки за лекување и максималните напори на лекарите и медицинскиот персонал, 56-годишниот работник на ОН ѝ подлегна на смртоносната болест, се вели во соопштение од Клиниката.

Починатиот лекар, чијшто идентитет не е откриен, стигнал во Германија минатата недела и е трет заболен од ебола, кој се лекувал во таа држава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top