Грејната сезона и годинава почнува на 15 октомври. Поради тоа, дистрибутерите на топлинска енергија ги повикуваат граѓаните да ги проверат инсталациите за парно бидејќи, во просек, годишно меѓу 300 и 400 семејства грејната сезона ја дочекуваат со поплава во нивните домови.
Ваквата состојба, заедно со грижата за сигурноста на домот, влијае и врз интересот за осигурување, па и осигурителните компании токму во овој период од годината се најактивни со понудите за домаќинско осигурување. „Винер осигурување“ со пакетот „Премиум“, освен ризик од излевање, покрива и ризици од кражба, од пожар, земјотрес и штета кон соседите, а ова осигурување е со цени од 1.499 денари годишно. Цената и опфатот на новиот пакет го потврдува насочувањето на деловните процеси кон потребите, но и можностите на граѓаните.
Од компанијата БЕГ ги повикуваат корисниците да ја пријават секоја завршена интервенција на грејната инсталација заради која објектот бил испразнет, како и отстранетите дефекти поврзани со напојувањето на топлинската станица со електрична енергија. Упатен е апел и за навремена проверка и подготовка на радијаторите за да се одбегнат потенцијалните проблеми при дистрибуцијата и да се избегнат несаканите штети кои настануваат поради истекување од инсталациите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.