| четврток, 6 декември 2018 |

Изјавите пред натпреварот Србија-Албанија најавуваат војна наместо фудбал

albanija

Квалификацискиот натпревар меѓу Србија и Албанија е повеќе од фудбал за двете земји, а  жестината со која се влегува во овој дуел може да се види и по изјавите на дел од албанските репрезентативци кои немаат никаква врска со спортот. 

– Независно Косово, УЧК! Одмазда! Србите мора да паднат на колена – напишал неодамна одбранбениот фудбалер на Базел и репрезентативец на Албанија, Таулант Џака, кој е по потекло од Подуево, Косово.

– Го молам селекторот Де Бјази да ме повика за двата натпревари против Србија. Српската војска ми уби еден од вујковците во војната на Косово и сакам одмазда за сите што се убиени – рекол Миѓен Баша, кој поради повреда ќе го пропушти дуелот во Белград.

– Гол во Португалија е голема работа, но да ја погодиш мрежата во српската престолнина е чувство кое не може да се опише со зборови. Нашиот народ, кој од Србите доживеа многу зла, во нас гледа херои и нема да ги разочараме – изјавил Беким Балај

– Овој натпревар е остварување на долгогодишниот сон. Сакам да ги понижиме Србите и да им наплатиме за сите долгови од минатото, како што се прогон, терор, геноцид… Косово е Албанија – изјавил напаѓачот на Падеборн, Албан Меха, роден во Косовса Митровица.

Напната ситуација и императив за победа по секоја цена постои и кај домаќините. Селекторот на српската репрезентација Дик Адвокат признава дека натпреварот за Србија е значаен како да се игра финале, а не обичен квалификациски натпревар.

– Имам чудно чувство пред овој меч, како натпреварот да се игра за еден час, а не утре… Како сѐ да е готово, а дека тукушто почнува. Се чувствувам како да е финале и дека мораме да направиме добар резултат. Знам дека имаме квалитет, но мораме да ги потиснеме емоциите и да се сконцентрираме само на фудбал, односно на претстојниот натпревар – изјавил Адвокат.

Натпреварот се игра вечер на стадионот на Партизан со почеток во 20.45 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top