| четврток, 6 декември 2018 |

Србин од Шумадија преминал во ислам: во 1991 пукал низ Југославија, а сега во Сирија

Некогаш православен, роден во срцето на Шумадија во Србија, поранешниот член на ЈНА кој учествувал во битките за Вуковар и негова окупација, 48-годишниот Горан Павловиќ откако преминал во ислам се презива Абдулах Џебел ѝ е џихадист во редовите на Исламската држава во Сирија, објави порталот „Охриѓани“. Неговата сопруга Мирјана, која денес се вика Меријем, исто така е во Сирија. Горан алијас Абдулах преминал во ислам во 2004 година, се молел во белградската џамија и го изучувал Куранот. И неговата ќерка Нена преминала во ислам и се омажила за истакнат вехабија. Целото семејство живеело во вехабиски центар во Горна Маоча во Босна.

Во Сирија пристигнал пред повеќе од една година, преку Турција, а сопругата преку регрутниот центар на џихадисти во Нови Пазар. Денес Абдулах во сирискиот град Азиз дочекува нови екстремни исламисти, ги обучува, но и самиот понекогаш оди со оружје на бојното поле. Со него во Азиз се и Абид Подбичанин и Тефик Мујовиќ, против кои српското обвинителство поднело обвиненија за тероризам. Овие двајца новопазарци од Сирија пратиле порака: „Ќе горат Белград и Рим“.

И додека Абдулах, некогаш Горан, со семејството и истомислениците учествува во терористички акции во Сирија, неговиот татко Томислав живее во Бостон во срам. Тој за српски „Курир“ изјавил дека во Белград, поради неговиот син и неговото семејство, го нарекуваат Турчин.

Тоа него му паѓа навистина тешко бидејќи неговите предци, според неговите сведоштва, се бореле против Турците во балканските војни, а тој самиот бил благајник и секретар на ловиштето на Тито во Караѓорѓево во Војводина.

Минатата година во дворот на Томислав бил пронајден закопан мал арсенал оружје. Тврди дека неговиот син никогаш не зборувал за преминување во ислам и верувал само во „Тито, во партијата и во младинската работна акција“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top