Ајатолахот Али Хамнеи ги обвини САД и „порочната“ британска Влада дека се одговорни за создавањето на организацијата Исламска држава, соопштија британските медиуми, посочувајќи дека тоа е прв говор на иранскиот врховен верски лидер по неговата минатомесечна операција на простатата.
Во остриот коментар тој се осврна на недовербата на Иран кон Западот, иако, како што нагласи, тврдокорните сунитски екстремисти во Ирак и Сирија се заедничкиот непријател на Техеран и Вашингтон.
– САД, ционизмот и особено експертот за внесување на поделби – порочната Влада на Велика Британија – драстично ги заголемија своите напори да внесат раскол меѓу сунитите и шиитите, изјави Хамнеи во говорот за време на шиитски религиозен празник.
Тие ги создадоа Ал Каеда и Исламската држава за да внесат поделби и да се борат против Исламската Република (Иран), но сега се свртеа против ни, рече иранскиот врховен верски лидер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



