Српскиот тениски ас, Новак Ѓоковиќ, е преокупиран со помислата дека за брзо време ќе стане родител.
По поразот со 4:6, 4:6 од искусниот Роџер Федерер во Шангај, Новак призна дека во главата постојано му се вртат мисли за неговата сопруга Јелена, која е во напредната бременост и може да се порроди во секој момент.
-Прво да станам татко, а потоа ќе направам план за турнирите до крајот на годината. Секако дека сакам да ја завршам сезоната како број 1, но има и други важни работи – прокоментира Ѓоковиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.