| четврток, 6 декември 2018 |

Бошкоски до судијата: Абре Иле, изгледаш како преплашено дете!

Седмообвинетиот во случајот „Ровер“, Љубе Бошкоски, и на денешното судско рочиште не остана смирен и повторно остана во ходникот на судот.

Ljube Boskovski rover 03 (Custom)

Кога сведокот беше повикан да го даде своето сведоштво, стана и Бошкоски гласно викајќи и му се обрати на судијата: „Абре Иле, Иле, не си играј играчки. Изгледаш како преплашено дете. Разбери ме, не сакам да седам во судницава”.

Бидејќи Бошкоски продолжи со гласно искажување на својот револт, судијата ја повика судската полиција да интервенира, па поради недолично однесување одлучи обвинетиот да остане надвор од судницата.

Во случајот „Ровер“   десетина лица се обвинети за помагање во нарачано убиство на скопјанецот Маријан Тушевски и неговиот возач Кире Јанев, кое се случи во 2001, во скопски Капиштец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top