| четврток, 6 декември 2018 |

Фондот за здравство: Го информиравме семејството на Нина дека овие услуги се на товар на ФЗОМ

nina

Република ја објави приказната за малата Нина, која боледува од ретка срцева мана. По нашиот апел за донација се огласи и Фондот за здравствено осигурување. 

– Во врска со апелот за донација кој го објавија порталите за осигуреното лице Н.Џ, Фондот за здравствено осигурување реагираше на барањето за донација за апелот и го информиравме осигуреното лице дека овие услуги се на товар на ФЗОМ – велат од Фондот. 

Инаку Нина Џеловска боледува од многу ретка срцева мана. Болеста и е откриена на двеипол годишна возраст. Нејзините родители осум години не можеле да имаат деца, по што се решиле на инвитро оплодување. Се родиле близначиња. Но Нина се родила со срцева мана, за која дознале после двеипол години од раѓањето. Нина треба да замине на операција во Лондон. Потребни се 45 000 евра. Треба да се направи операција на отворено срце.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top