| четврток, 6 декември 2018 |

Почнува 33. издание на „Скопски џез-фестивал“ (видео)

-На 16 октомври, во 20 часот, настапуваат дуото Ју Сун На  (Јужна Кореја/Шведска) и тапанарката Тери Лин Керингтон од САД, додека во 24 часот во „Сити хол центар“, ќе настапи Мачеј Обара, саксофонист и композитор од Полска. На 17 октомври  во Универзална сала се Матс Густавсон и Фајр! Оркестра од Шведска и Ник Барч од Швајцарија, а во 24 часот во „Сити хол центар“ настапува белгиското дуо „Данс данс“. На 18 октомври во Универзална сала од 20 часот е концертот на Метју Шип од САД и Елијане Елијас од Бразил, додека Британците „Ред снепер“ ќе настапат во „Сити хол центар“ во 24 часот.  На 19 октомври од оваа година се воведува одржување концерт во МКЦ во 13 часот. Годинава таму ќе настапи Нед Ротенберг, а фестивалот со својот настап ќе го затворат Вадада Лио Смит и Австралијците „Д Некс“ со настап во Македонската опера и балет во 20 часот – изјави Белопета.

Нов програмски директор на фестивалот е Богдан Бенигар, кој, меѓу другото, е задоволен што има чест да работи на манифестација која редовно ја посетувал изминатите десетина години.


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top