На фестивалот „Голден драм“ (Golden Drum) агенциската мрежа McCann за централна и источна Европа, во чии рамки работат и агенциите во составот на I&F McCann Grupa, е прогласена за најдобар комуникациски систем во овој дел на Европа. За освојувањето на ова значајно признание придонесоа и агенциите McCann Белград и McCann Тирана, кои работат во рамките на I&F McCann Grupa освојувајќи една златна награда и две сребрени награди.
– Наградата што ја доби McCann за најдобра агенциска мрежа во централна и источна Европа е само потврда за квалитетот на работата на сите агенции McCann. Горд сум што кон тој успех придонесоа и агенциите McCann Белград и McCann Тирана освојувајќи награди на фестивалот „Голден драм“. Нашата визија е да бидеме најпосакуваниот комуникациски партнер и, покрај најдобрата услуга, да бидеме агенција чии кампањи се препознатливи по својата креативност- рече по повод овој успех Срѓан Шапер, основач на I&F McCann Grupa.
Кампањата „Драма во такси“, која агенцијата McCann Белград ја направи за „Југословенскиот драмски театар“, освои златна награда (Golden Drum) во категоријата филм (ТВ, кино и онлајн) и сребрена награда (Silver Drum) во категоријата директни кампањи.
Агенцијата McCann Тирана, која, исто така, работи во рамките на I&F McCann Grupа, освои сребрена награда (Silver Drum) во категоријата настани, за кампањата „Ги почитуваме и живите“, која е посветена на подигнување свесност за безбедност во сообраќајот и е прва агенција од Албанија која добива награда на „Голден драм“.
Фестивалот „Голден драм“ во Порторож е еден од најважните фестивали за рекламирање во овој регион, на кој традиционално учествуваат најдобри светски агенции. Оваа година се одржа 21. издание во организација на Словенечката огласувачка комора. На фестивалот учествуваа 30 агенциски мрежи и 291 агенции од 24 држави, кои вкупно пријавија 1.220 труда.
I&F McCann Grupа е една од водечките комуникациски мрежи во југоисточна Европа која успешно работи во осум земји: Србија, Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија, Хрватска, Словенија и Бугарија. На меѓународните, регионалните и локалните клиенти им обезбедува најквалитетни стратешки и креативни решенија за развој на нивните марки, преку сите канали на комуникација. Агенциите што работат во рамките на I&F McCann Grupа се дел од McCann Worldgroup (www.mccannworldgroup.com), една од најголемите меѓународни мрежи која денес работи во повеќе од 120 земји во светот, со традиција долга 111 години и која работи во рамките на Interpublic Group (IPG) (www.interpublic.com), најстарата американска мултинационална комуникациска корпорација со седиште во Њујорк.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Соопштени добитниците на наградата „Св. Климент Охридски“
-
Награди за есеј на тема „Визија за Скопје“ добија Кристина Шумадиева, Бојан Шашевски и Тања Сарандеска
-
Рускиот „Магичен свет“ на Катја Ветрова – добитник на наградата за најдобар филм „Ратка Илиевска-Лале“ на 9.Мобил филм фестивал
-
Михајло Куфојанис и Марија Ѓошевска ги добија наградите на Сојуз на музички уметници на Македонија