| четврток, 6 декември 2018 |

БиХ по изборите: Партиите сменети – предизвиците исти

bosna izbori„Резултатите на штотуку завршените избори во БиХ го сменија односот на силите меѓу партиите во земјата, но предизвиците остануваат исти, па секоја нова власт ќе мора да покаже дали е способна да се справи со нив“, се првичните оценки во босанските медиуми за исходот на вчерашните општи избори.

Сараевскиот весник „Ослобоѓење“ на насловната страница како победници ги истакнува Партијата за демократска акција (СДА) и ХДЗ БиХ. Како победник го третира и неодамна оформениот Демократски фронт (ДФ), наведувајќи дека се славело до утро иако нивните кандидати за бошњачкиот и за хрватскиот член на претседателството на БиХ не остварија значајни резултати. Оттаму се задоволни со резултатите додавајќи дека партијата би можела да биде втора по сила во федерацијата.

oslobodzenjeeeeНедвојбено, губитник според „Ослобоѓење“ е Социјалдемократската партија на БиХ, а истата оценка ја дава и „Дневни аваз“, каде што се додава дека претседателот на партијата најавил оставка.

„Аваз“ како победник го нагласува и Сојузот за подобра иднина (СББ), иако нивниот лидер Фахрудин Радончиќ убедливо загуби од Бакир Изетбеговиќ во трката за бошњачки член на државниот врв. Според Радончиќ, конечно се покажало дека СББ и ДФ добиле повеќе гласови од СДА и СДП, со што се сугерира за постоење коалиција за која досега само се шпекулираше. Тој посочува дека Исламската заедница недвојбено ѝ помагала на СДА.

dnevni avazУредничкиот став на „Аваз“, сепак, истакнува дека никој нема причина за славење, особено по видливото незадоволство кај народот, а ескалираше со неодамнешните насилни протести. „Доколку партиите кои, како-така, добија најмногу гласови не ја сфатат сериозноста на состојбата и пораките од граѓаните, случувањата кои поминаа ќе бидат „мила мајка“ во однос на тоа што нѐ чека“.

„Ослобоѓење“ коментира во сличен тон, но наведува дека е потребно итно формирање власт чија задача по години полни со копнеж „да се врати земјата во квалификации за европсак лига“.

„Пред идниот мандатар (советот на министри) задачата е потешка отколку пред Сафет Сушиќ: треба да се избори и на домашен терен и на гости, а во обѕир доаѓаат само победи“, додава весникот. oslobodzenje

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top