Фудбалерот на Милан, Михаел Есиен, ги демантира написите на африканските медиуми дека е заразен од опасниот вирус ебола.
Африканските медиуми, повикувајќи се на клупски извори, ја пренеле информацијата дека Есиен е заразен со смртоносниот вирус. Меѓутоа, неговиот клуб Милан, како и тој самиот, веднаш ги демантираа тие написи.
– Одлично сум подготвен и потполно здрав, нема вистина во шпекулациите дека сум заразен од ебола, утре ќе одам на тренинг – напиша Есиен под фотографијата која ја постави на „Инстаграм“.
Тој додаде дека луѓето не смеат да се шегуваат за толку сериозни работи.
– Кој и да го објавил тоа, многу е непрофесионален и бесчуствителен. Нашите мисли се со нивните семејства – порача фудбалерот на Гана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Новиот сопственик на Милан под истрага, ќе се испитува продажбата на клубот
-
Италијански медиуми: Пепе Реина од следната сезона ќе го брани голот на Милан
-
Милан тргна по Бразилецот Линколн, нуди 30 милиони евра за фудбалерот на Фламенго
-
Гатузо задовоен по победата над Рома: Сега личиме на вистински тим