Супермоделот Кејт Мос ја прославила 25-годишнината во светот на модната индустрија, така што лансира чаши за шампањ во обликот на своите гради, односно во облик на својата лева дојка.
Британската актерка Џејн Мекадам Фројд дизајнирала чаши инспирирана од левата дојка на Марија Антоанета во 18 век, а Мос вели дека ѝ е чест да учествува во овој проект и на некој начин да ја наследи Марија Антоанета.
– Шампањот секогаш се поврзува со прослава и собирање за некој убав повод, така што навистина беше забавно да се создаде оваа прекрасна чаша – додаде супермоделот.
Сепак, не секој ќе ја има таа привилегија да пие шампањ од чашата во облик на левата дојка на Кејт Мос. Од чашите ќе може да „сркнат“ шампањ само гостите на лондонскиот ресторан 34.
Ќе се согласите дека ова е урнебесен начин да се одбележи 25 години искуство во модната индустрија, а уште поголема енигма е зошто токму левата дојка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.