Благодарение на интернетот, многу луѓе го користат пребарувачот за да се лекуваат сами. Иако некогаш, навистина, лесно може да бидат најдени лекови за некои болести, тоа може да биде и сериозен ризик за погрешна дијагноза и лекување, кои може да доведат до сериозни компликации.
Истовремено, „Гугл“ не го крие интересот кон навлегување во здравствени услуги. Компанијата почнала тестирање на видеразговор со лекари, соопштува е-изданието на „Енгаџет“. Кога корисникот во пребарување ќе внесе дадени симптоми, прво се појавува линк, кој предлага почнување разговор со лекар. Засега компанијата не соопштува повеќе детали за својата нова услуга. Тие соопштуваат само дека за време на тест-периодот сите електронски консултации ќе бидат бесплатни. Засега „Гугл“ не ги прецизиран и останатите планови за услугата. Не е познато и колку време ќе трае тест-периодот, пред да се донесе одлука дали таа ќе биде пуштена за масовна употреба.
Веќе има компании што нудат такви и слични услуги. Кај некои од нив се плаќа според времетраењето на консултацијата, а кај некои се плаќа еднократно за секој разговор.
Таквиот вид консултации немаат статус на вистински преглед кај лекар, независно што се разговара со кавалификуван специјалист. Нивната идеја е да се намали неопходноста од одење на лекарски преглед за полесни случаи. Во случај да не можат да постават точна дијагноза или се сомневаат дека може да е нешто посериозно, докторите советуваат да се направи реален преглед.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.