Најдобриот кошаркар во тимот на Оклахома Сити Тандер, Кевин Дурант, ќе го пропушти почетокот на новата сезона поради фрактура на стапалото.
Дурант, најверојатно, ќе отсуствува од терените од шест до осум недели, што значи дека ќе се врати на паркетот дури кон крајот на ноември.
Најефикасниот играч во најсилната кошаркарска лига почувствувал болка во десното стапало на тренингот во саботата, а потоа е констатирано дека се работи за скршеница.
– По тренингот, Кевин се пожали на болка во десното стапало. Ги направивме сите прегледи за да ја утврдиме повредата. Таквата повреда мора да оди на операција, а периодот за опоравување е меѓу шест и осум месеци – стои во официјалното соопштение на Оклахома.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


