Рускиот претседател Владимир Путин издаде наредба 17.600 војници што се наоѓаат во близина на границата со Украина, да се вратат во својата база, јавија руски медиуми.
Причината за враќање на војниците е завршување на вежбите на руските трупи во јужната област Ростов, јави новинската агенција „РИА новости“.
Меѓутоа, многумина не веруваа дека воопшто ќе дојдат до такви вежби. Зголемување на војската во близина на украинската граница беше протолкувано како закана за инвазија на источна Украина. Ако војската го напушти подрачјето во близина на границата, нивното повлекување може да значи и крај на тие закани.
НАТО уште не потврди дека војската почнала да се повлекува.
Најавата за повлекување на руските војници доаѓа непосредно пред состанокот на Путин со украинскиот претседател Петро Порошенко, кој ќе се одржи во крајот на овој месец во Милано.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.