| четврток, 6 декември 2018 |

Тројца германски фоторепортери уапсени во Турција

Тројца германски фоторепортери се уапсени на југоистокот на Турција додека ги следеле демонстрациите на Курдите против екстремистичката Исламска држава, соопштено е денеска во Берлин. Портпаролката на германското Министерство за надворешни работи изјави дека турската полиција ги уапсила фоторепортерите, кои биле слободни уметници.

Таа наведе дека германската амбасада е во контакт со фоторепортерите и локалните власти за да „се разјасни ситуацијата“.

Според „Асошиејтед прес“, тие биле уапсени вчера во Дијарбакир.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top