| четврток, 6 декември 2018 |

Турција одобри користење на базите за борба против ИД

ФОТО: ЕПА

ФОТО: ЕПА

Турција ќе дозволи САД и коалициските сили да ги користат нејзините воени бази за воздушни напади врз џихадисти на Исламската држава (ИД) во Сирија и Ирак, објави синоќа Вашингтон.

Според неименуван претставник на американското Mинистерство за одбрана, коалицијата на западните сили што се борат против ИД ќе може да ја користи и турската база Инџирлик, во јужниот дел на земјата.

Администрацијата на американскиот претседател Обама ја повика Турција да земе поголема улога во борбата против екстремистите на ИД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top