
Мајса Абдо, меѓу борците позната и како Нарин Африн, ги предводи Народните единици за одбрана (YPG) во Кобане.
Како што објави AFP, секуларната и лево ориентираната курдска YPG го брани Кобане, сириски град на границата со Турција од исламистите кои, на 16 септември, покренаа акција за неговото одвојување. YPG е армија на курдските региони од северот и североистокот на Сирија и е моќно и вооружено крило на курдската Партија на демократска унија(PYD).
Како што наложуваат обичаите на курдските борци, 40-годишната Мајса користи псевдоним. Таа потекнува од сирискиот регион Африн, во покраината Алепо.
– Тие што ја познаваат, велат дека е културна, интелигентна и флегматична. Таа се грижи за психичкото здравје на борците и се нивните лични проблеми, изјавил Мустафа Ебди, курдски активист од Кобане.
Традиционално, жените чинат голем дел од курдските воени сили, не само во Сирија, туку и во Турција и во Ирак.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мачење во Германија по теркот на ИСИС: Курд ја врзал жена за автомобил и ја влечел низ улиците
-
Тажен крај за националната миленичка – Курдската Анџелина Џоли загинала во битка со џихадистите
-
Ердоган: Турција го „исчисти“ северот на Сирија од џихадисти и курдски милици
-
Анкара одлучна во борбите против Курдите во Сирија


