Сашко Коцев се дружеше со младите што учествуваат на Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“, кој се оддржа во Скопје. Второто издание на „Џифони Македонија“ се одржува под мотото „Крстопат“, и во стилот на големите фестивали, каде што ѕвездите се појавуваат на црвениот килим, на „Џифони“ на зелениот килим денеска се појави актерот Коцев. Стотици деца вчера го очекуваа пристигнувањето на Коцев на зелениот тепих, се фотографираа со него, тој им делеше автограми пред џебното кино „Фросина“ во МКЦ… Потоа во салата во свој стил, Сашко ги насмеа најмладите љубители на филмот и актерството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.