| четврток, 6 декември 2018 |

Чавушоглу: Идејата за коридор кон Кобане е нереална

Kurdish-Islamic State conflict Kobane
Идејата за воспоставување на коридор преку кој оружје и доборволци би биле префрлани од Турција до сирискиот град Кобане, е нереална, изјави турскиот министер за надворешни работи Мевлет Чавушоглу.

Изјавата на Чавушоглу претставува реакција на барањето на лидерите на сириските Курди за воспоставување на коридор од Турција до Кобане, преку кој би се доставувала воена и хуманитарна помош за градот.

Во петокот и пратеникот на ОН за Сиирја, Стефан де Мистура апелираше до Анкара да им дозволи на курдските „доброволци“ да стигнат до Кобане преку турска територија.

– Турција не може да дава оржује и да бара од цивили да се борат против терористичките групи… Коридорот не е реален. Кој ќе испраќа оружје денес? А освен тоа, испраќањето цивили во војна претставува злосторство, нагласи Чавушоглу за Франс 24.

Тој оцени дека е потребен сеопфатен пристап за извојување победа над џихадистичката група Исламска држава, која контролира големи делови од Сирија и Ирак, вклучително и една третина од Кобане.

Според него, главна причина за сегашната состојба во Сирија е „режимот на сирискиот претседател Башар Асад, кој треба да биде отстранет“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top