Непознат сторител ноќта меѓу 10-ти и 11 октомври извршил тешка кражба во црквата „Св.Тројца“ во Битола.
Според МВР, сторителот насилно го отворил прозорецот на црквата, влегол внатре, пребарувал, одзел 37.000 денари и го напуштил местото.
Со кражбата е причинета материјална штета од околу 40.000 денари.
Се преземаат мерки за пронаоѓање насторителот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.