Снимањето на филмот „Ослободување на Скопје“ кој ќе го режира познатиот актер Раде Шербеџија ќе почне во Велес на 31 октомври.
За потребите на филмот Шербеџија ќе бара статисти од сите генерации. Аудицијата во Велес ќе се одржи на 18 октомври во театарот „Јордан Хаџи-Константинов-Џинот“ од 12 до 20 часот. Претходно, на 16-ти и 17 октомври од 12 до 20 часот аудиција за статисти ќе има во Скопје, во Младинскиот културен центар, а на 19 октомври во истиот период во просториите на Домот на културата-Битола.
– Имаме потреба од многу статисти, мажи, жени и деца. Ќе снимаме трка на германски и бугарски чамци, а на трибините ќе стојат гости, па ќе ни требаат доста статисти – изјави за медиумите Раде Шербеџија, кој синоќа беше гостин во Велес. Откри дека првиот кадар ќе се снима на реката Вардар помеѓу Мало мовче и Стар мост во Велес.
Велешкиот градоначалник Славчо Чадиев рече дека за време на снимањето на првите сцени сообраќајот во близина на двата моста ќе биде пренасочен.
Шербеџија ќе го снима филмот заедно со неговиот син Данило, а исто така и ќе глуми во него. Музиката за филмот ќе биде на Влатко Стефановски.
Раде Шербеџија синоќа беше гостин на манифестацијата „Питијада 2014“ Изјави дека обожава розе вино, но најмногу од се, како што рече, сака жолта ракија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура