| четврток, 6 декември 2018 |

Средба Порошенко- Путин, но и со Меркел, Ренци, Камерон…

putin porosenkoУкраинскиот претседател Петро Порошенко денеска од Харков изјави дека идната недела ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин. Тема на сртедбата ќе биде шестмесечниот конфликт меѓу Киев и проруските сили на истокот на Украина.

Средбата е во рамки на самитот Европа – Азија, која ќе се одржи на 16 и 17 октомври во Италија.

На средбата ќе учествуваат и германската канцеларка Ангела Меркел, италијанскиот и британскиот премиер Матео Ренци и Дејвид Камерон, како и уште некои лидери на земјите-членки на ЕУ, истакна Порошенко.

Тој нагласи дека тоа нема да бидат лесни преговори. Путин и Порошенко последен пат се сретнаа на крајот на август.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top