| четврток, 6 декември 2018 |

Падна авион кај Нови Сад, две лица загинаа

Две лица загинаа при падот на авионот тип Скајлидер кај приватниот аеродром Барачки Јарак кај Нови Сад. Според неофицијалните информации несреќата се случила при слетувањето на авионот. Едномоторниот авион при десното свртување  изгубил брзина удрил во земја и се запалил.

Загинале пилотот и уште едно лице. На аеродромот во Барачки Јарак денеска се одржал летачки ден во чест на отворањето на аеродромот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top