| четврток, 6 декември 2018 |

Путин доаѓа во Белград со 150 луѓе со три авиони

На 16 октомври во српската престолнина ќе допатува претседателот на Русија Владимир Путин. Рускиот амбасадор во Србија, Александар Чепурин изнесе нови детали за посетата на претседателот Путин кој  ќе се обрати пред народот во текот на дефилето на војската на Србија.

Путин ќе се сретне со претседателот Томислав Николиќ и премиерот Александар Вучиќ, а ќе присуствува и на потпишувањето на неколку значајни билатерални договори.Тој ќе учевствува и на воената парада по повод 70 години од ослободување на Белград, при што ќе се обрати на присутните.

Моќниот светски лидер нема да носи никакви ултиматуми или специјални барања.Москва е задоволна од избалансираниот став на Србија околу украинската криза.

Руската државна делегација ќе брои 150 луѓе и ќе слетаат со три авиони.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top