Металург го игра веројатно клучниот меч во новата сесзона од Лигата на шампионите во Загреб, против Прво плинарско друштво Загреб, а победата стана императив по стартните порази од ПСЖ и Мешков Брест.
Македонскиот вицешампион ќе атакува на победа, прва во овој циклус, а подвигот ќе мора да го стори без Ренато Вугринец и Дејан Манасков. И покрај сите најави дека ќе игра вечерва од 18 часот, Вугринец не е во составот што отпатува за Загреб, додека крилото Манасков е суспендиран на еден меч поради исклучувањето во Брест.
Павел Атман, кој не настапи на последниот меч во Белорусија, против Мешков би требало да игра, што е мотив плус за ракометарите на Металург да се обидат да победат. Кризата во клубот и проблемите со финансиите и неисплатени плати беа претежок товар во првите две кола, а ако вицешампионите сакаат реприза од послендите три сезони во ЛШ, кога двапати ифрас во четвртфиналето, а еднаш стасаа до соминафиналните мечеви, ќе треба да се вратат непоразени од Загреб.
Домаќините имаат млад и мошно перспективен состав, а од клупата ги предводи Веселин Вујовиќ, што значи дека повторно ќе има тренерски дуел со Лино Червар. Вујовиќ одреден период беше на клупата на Вардар и постои огромен ривалитет меѓу него и Червар.
Загреб во првото коло го изненади Кил со победа од 27-25, а потоа одиграа солидно и со ПСЖ во Париз и покрај поразот од 5 гола разлика.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


