| четврток, 6 декември 2018 |

Не ги делам луѓето на леви и на десни, на паметни или глупави

Отка­ко пад­нал на при­ем­ни­от ис­пит на Фи­ло­зоф­ски­от фа­кул­тет, Шо­ва­го­виќ се за­пи­шал на Ака­де­ми­ја­та за драм­ски умет­но­сти. Та­му сѐ уште е сту­дент по актер­ска игра и по ре­жи­ја. До де­нес има ос­тва­ре­но уло­ги во пре­ку 40 фил­ма, играл и во де­се­ти­на се­рии, а глу­ме­ше и во фил­мот „Ни­чи­ја зем­ја“, кој до­би „Оскар“

Filip-Sovagovic-int109-1

Хр­ват­ски­от те­а­тар­ски и филм­ски актер, ре­жи­сер и дра­ма­тург Фи­лип Шо­ва­го­виќ (1966) со прет­ста­ва­та „Три се­стри“ на Град­ски­от те­а­тар „Га­ве­ла“ од За­греб го­сту­ва­ше на Млад отво­рен те­а­тар (МОТ). Ре­жи­сер на де­ло­то на Че­хов бе­ше ма­ке­дон­ски­от ре­жи­сер Сло­бо­дан Ун­ков­ски. Фи­лип е син на прос­ла­ве­ни­от актер Фа­би­јан Шо­ва­го­виќ, а мај­ка му Ма­ја би­ла про­фе­сор­ка.

По­се­ту­вал и му­зич­ко учи­ли­ште, ка­де што сви­рел на ги­та­ра. Овој ин­стру­мент го сви­ри и де­нес, за­ед­но со Ма­ке­до­не­цот, про­фе­со­рот Фа­дил Аб­дул, кој го учи на не­кои по­те­зи пре­зе­ме­ни од Сте­фа­нов­ски и Та­диќ. Отка­ко пад­нал на при­ем­ни­от ис­пит на Фи­ло­зоф­ски­от фа­кул­тет, се за­пи­шал на Ака­де­ми­ја­та за драм­ски умет­но­сти. Та­му сѐ уште е сту­дент по актер­ска игра и по ре­жи­ја. До де­нес има ос­тва­ре­но уло­ги во по­ве­ќе од 40 фил­ма, играл и во де­се­ти­на се­рии. Ме­ѓу дру­го­то, глу­ме­ше и во фил­мот „Ни­чи­ја зем­ја“, кој до­би „Оскар“. На­пи­шал и де­се­ти­на дра­ми, а се за­ни­ма­ва и со про­дук­ци­ја и со филм.

 

Во те­а­тар­ска­та прет­ста­ва „Три се­стри“, чиј­што ре­жи­сер е Ма­ке­до­не­цот Сло­бо­дан Ун­ков­ски, Вие го тол­ку­ва­те ли­кот на Иван Ро­ма­но­вич Че­бу­ткин. Ва­ша­та уло­га „ба­ра“ мно­гу, по­себ­но фи­зич­ка под­го­то­вка, би­деј­ќи та­ка ка­ко што го за­мис­лил Че­хов, а Ун­ков­ски уште по­наг­ла­се­но го истак­ну­ва, Че­бу­ткин е ви­стин­ски мо­де­рен из­ве­ду­вач, кој кон­стант­но има акро­бат­ски на­ста­пи. Зго­ра на сѐ е и пи­јан. Ка­ко бе­ше да се ра­бо­ти со Ун­ков­ски?
Шо­ва­го­виќ: Уба­во го ка­жа­вте тоа. Со Ун­ков­ски имав­ме еден кра­ток раз­го­вор на те­ма­та да­ли тој до­ктор и не­го­во­то дви­же­ње се во лет или, пак, тој па­ѓа. Во еден мо­мент го пра­шав про­фе­со­рот да­ли има смис­ла овој лик да ли­чи ка­ко по­сто­ја­но да па­ѓа од ави­он и не­му тоа му се до­пад­на. Ун­ков­ски на пр­ви­от раз­го­вор ме пра­ша да­ли са­кам да играм ма­ла или го­ле­ма уло­га во прет­ста­ва­та, и јас од­го­во­рив де­ка би са­кал да ми до­де­ли ма­ла уло­га. Тој се нас­меа. Во не­кои прет­ста­ви оваа уло­га на Че­хов кон­стант­но се ре­ду­ци­ра, но, Ун­ков­ски ов­де не са­ка­ше да го по­стиг­не тоа. Та­ка што не знам кол­ку има­ше смис­ла на­ши­от прв раз­го­вор. По­доц­на со Ун­ков­ски раз­го­ва­рав­ме и за дру­ги те­ми – спорт, по­ли­ти­ка, умет­ност и ал­ко­хол и дој­дов­ме до зак­лу­чок де­ка до­кто­ри­те мно­гу пи­јат и де­ка па­ци­ен­ти­те не им воз­вра­ќа­ат со љу­бов. Нај­че­сто ги тру­јат со ци­га­ри и со ал­ко­хол.

 

Вие сте син на поз­на­ти­от актер Фа­би­јан Шо­ва­го­виќ, кој бе­ше ви­стин­ска ѕвез­да во по­ра­неш­на Ју­гос­ла­ви­ја. Ка­ко бе­ше да се рас­те по­крај не­го?
Шо­ва­го­виќ: Уба­во. Мо­јот та­тко има­ше страст кон гра­де­ње­то и со тоа ми се вр­за­ни нај­у­ба­ви­те спо­ме­ни од дет­ство­то. Мно­гу ра­бо­ти на­у­чив од не­го, по­себ­но око­лу гра­деж­ниш­тво­то. Де­нес ко­га не­кој ќе го спо­ме­не та­тко ми, тоа нај­че­сто се се­ќа­ва­ња на уло­ги­те и на не­кои ли­те­ра­тур­ни твор­би што тој ги оста­ви зад се­бе. Но, јас се­ко­гаш се се­ќа­вам ка­ко за­ед­но не­што гра­дев­ме. За тој пер­и­од ме вр­зу­ва­ат уба­ви се­ќа­ва­ња. Не знам де­ли е мож­но тоа да се до­жи­вее де­нес. Са­кам да ка­жам, не знам да­ли по за­ко­ни­те на Европ­ска­та уни­ја мо­же са­ми да из­гра­ди­те ку­ќа или тоа за вас мо­ра да го на­пра­ви не­ко­ја фир­ма.

 

Filip-Sovagovic-int109-2

 

Му­зи­ка­та е Ва­ша­та љу­бов. Ве­ли­те де­ка де­нес има­те стаж од 40 го­ди­ни ка­ко се за­ни­ма­ва­те со му­зи­ка, но и по­на­та­му има­те про­фе­сор по ги­та­ра. Со не­го сви­ри­те и не­кои по­те­зи спо­ред Сте­фа­нов­ски и Та­диќ. Зо­што на крај се ре­ши­вте за актерс­тво­то?
Шо­ва­го­виќ: Се смее (з.а). Сви­рам со еден ваш со­на­род­ник, од Ма­ке­до­ни­ја е, се ви­ка Фа­дил Аб­ду­лов. Се оби­ду­ва­ме да го сни­ми­ме тој прв ал­бум, но пр­во мо­ра да сфа­тив­ме де­ка, ге­не­рал­но, нѐ ин­те­ре­си­ра му­зи­ка­та, а не са­мо не­кои неј­зи­ни де­ло­ви. Но, се гу­би­ме ба­рај­ќи не­кој стил­ски код, но на­бр­зо по­тоа ќе сфа­ти­ме де­ка не­ма да ус­пе­е­ме. За на­ша­та му­зи­ка не мо­же да се ка­же де­ка е џез или ет­но, ту­ку не­што по­ме­ѓу, ка­ко не­кој хи­брид.

 

Во сво­ја­та ка­ри­е­ра има­те ос­тва­ре­но го­лем број уло­ги на филм, те­ле­ви­зи­ја и во те­а­тар. Вие сте еден од нај­це­не­ти­те и не­ти­пич­ни драм­ски пи­са­те­ли, чи­и­што де­ла се из­ве­ду­ва­ни во не­кол­ку зем­ји. Ус­пеш­ни сте и ка­ко про­ду­цент и ка­ко ре­жи­сер. Го об­ја­ви­вте ро­ма­нот „Жи­во­тот е глув“. Во што најм­но­гу ужи­ва­те до­де­ка ра­бо­ти­те? А што Ви од­зе­ма најм­но­гу вре­ме и енер­ги­ја?
Шо­ва­го­виќ: Се оби­ду­вам да ја за­вр­шам Ака­де­ми­ја­та. Ги да­дов сво­и­те умет­нич­ки де­ла на две­те ка­те­дри на за­греп­ска­та драм­ска ака­де­ми­ја. Сту­ди­рав актер­ска игра и филм­ска ре­жи­ја од­во­е­но, а не па­ра­лел­но. Дол­го вре­ме сту­ди­рав, но се­га, со не­кои ре­фор­ми во обра­зо­ва­ни­е­то, ме вра­ти­ја на вто­ра го­ди­на (се смее, з.а). Тоа е мно­гу ин­те­рес­на при­каз­на и да не сум пи­са­тел, ве­ро­јат­но по­ве­ќе би се нер­ви­рал за тоа. Не­мам ам­би­ци­ја да го за­вр­шам фа­кул­те­тот за да би­дам ди­ре­ктор на опе­ра­та или на Хр­ват­ско на­род­но ка­за­ли­ште, но имам ам­би­ци­ја да за­вр­шам фа­кул­тет. Тоа е мно­гу ин­те­рес­на при­каз­на за си­сте­мот и за тоа пи­шу­вам со го­ле­ма вдах­но­ве­ност. Се за­ни­ма­вам и со ви­де­о­про­дук­ци­ја, би­деј­ќи ме ин­те­ре­си­ра ани­ма­ци­ја. Учес­тву­вав и во ку­ли­нар­ско­то шоу и на­у­чив мно­гу ра­бо­ти, ка­ко на при­мер де­ка цвек­ло­то, пи­пер­ка­та и ти­квич­ки­те се мно­гу важ­ни во ис­хра­на­та и тре­ба да би­дат на ме­ни­то во на­ша­та ис­хра­на.

 

Ва­ши­от пос­ле­ден филм го ре­жи­ра­вте во 2012 го­ди­на, а во не­го глу­ми и по­ра­неш­ни­от пре­тсе­да­тел на Хр­ват­ска, Стје­пан Ме­сиќ. Ка­ков актер е Ме­сиќ?
Шо­ва­го­виќ: Фил­мот со Ме­сиќ има до­ку­мен­та­рен приз­вук. Не нав­ле­гу­вам во проб­ле­ма­ти­ка­та на про­сто­рот и на вре­ме­то и не ги де­лам лу­ѓе­то на ле­ви и на дес­ни, на па­мет­ни или глу­па­ви. Во дра­ма­тур­шка­та ана­ли­за на ед­но де­ло мо­же да се пра­ша­те да­ли е ова до­ку­мен­та­рен филм или игран филм. Тоа се тие хи­бри­ди што ме ин­те­ре­си­ра­ат.

 

Глу­ме­вте во фил­мот „Ни­чи­ја зем­ја“ (2001), кој до­би Оскар за нај­до­бар филм од не­анг­ли­ско го­вор­но по­драч­је. Ка­ко е де­нес да се би­де актер или ре­жи­сер во Хр­ват­ска?
Шо­ва­го­виќ: Па, за­бав­но е. Јас мно­гу вре­ме по­ми­ну­вам на „Фејс­бук“. Не­кои лу­ѓе се мно­гу ин­те­рес­ни, има­ат ин­те­рес­ни про­фи­ли и об­ја­ву­ва­ат ин­те­рес­ни тек­сто­ви. Мно­гу уло­ги на­пра­вив спо­ред тие про­фи­ли на со­ци­јал­на­та мре­жа. Са­мо клик­не­те и сѐ ви ста­ну­ва јас­но.

 

(Пишува: Александра М. Бундалевска
Текст објавен во 109. број на неделникот „Република“, 3.10.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top